Ѓоковиќ го декласира Гојо за четвртфинале на Ју-Ес Опен


Викенд на градски дерби дуели: Арсенал - Тотенхем и Атл.Мадрид - Реал М. ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ немаше проблеми против Хрватот Борна Гојо и го совлада со 3-0 во сетови, односно 6-2, 7-5 и 6-4.

Ѓоковиќ во следното коло ќе игра против Тејлор Фриц, кој беше подобар од Доминик Стрикер со 7-6, 6-4 и 6-4.

Во американскиот дуел славеше Бен Шелтон во четири сета против Томи Пол, па следен противник ќе му биде Франсис Тиафо.

Најголемо изненадување се случи во женскиот дел на турнирот, кога Јелена Остапенко ја елиминира првата фаворитка Ига Швјонтек со пресврт, односно 3-6, 6-3 и 6-1.