Ѓоковиќ го декласира Надал, па „засвири на виолина“ (Видео)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го совлада Рафаел Надал со 6-1 и 6-4 во второто коло од олимпискиот турнир во Париз.

Ѓоковиќ го доби јубилејниот 60. меч против Надал и води со 31-29 во меѓусебни пресметки, а по дуелот „засвири на виолина“.

„На овој терен на Ролан Гарос игравме многу пати, а тој има далеку подобар резултат кога станува збор за земјена подлога. Сепак, во последните години успеав да најдам решенија“, кажа Ѓоковиќ.