Ѓоковиќ го губи првото место по турнирот во Рим


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Карлос Алкараз ја одбрани титулата на Мастерсот во Мадрид и на денешната АТП-листа му се приближи на Новак Ѓоковиќ на само пет бодови.

Алкараз ќе го преземе врвот од Ѓоковиќ по турнирот во Рим без разлика на резултатите на двајцата тенисери.

Србинот ја брани титулата и ќе се обиде да не загуби дополнителни бодови, додека Шпанецот е слободен во прво коло и добива десет бода за настап, па и да загуби во следното коло, ќе го надмине Ѓоковиќ.

Мастерот во Рим почнува утре, а ова ќе биде „загревање“ пред Ролан Гарос, кој е закажан за период од 22 мај до 11 јуни.