Ѓоковиќ го најде виновникот за поразот од Синер (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ утрово загуби од Јаник Синер со 1-6, 2-6, 7-6 и 3-6 во полуфиналето на Австралија опен.

Србинот имаше големи проблеми на теренот, а Синер ги користеше грешките на ривалот и запиша голема победа.

Ѓоковиќ повторно се караше и со неговиот стручен штаб, посебно со тренерот Горан Иванишевиќ.

„Колку сте лоши. Ужас, ужас!“, викаше Ѓоковиќ по неговиот стручен штаб.