Ѓоковиќ го освои Австралијан опен, па испрати мистериозна порака: Наскоро сè ќе дознаете!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го освои Австралијан опен по десетти пат во кариерата и стигна до 22. гренслем-титули со што се израмни со Рафаел Надал.

Ѓоковиќ со освојувањето на пехарот во Мелбурн ќе добие и 2.000 бодови кои в понеделник ќе го вратат на првото место на АТП-листата.

По емотивните моменти во Род Лејвер Арената, кога Ѓоковиќ падна на трибините и се расплака како мало дете, тој испрати мистериозна порака.

„Размислував во овие две недели дали сакам да објавам нешто на социјалните мрежи, да покажам фотографии низ што поминав и во следните денови ќе објавам сè“, кажа Ѓоковиќ.