Ѓоковиќ го освои Вимблдон, ама утре ќе падне четири позиции на АТП!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ по седми пат во кариерата го освои Вимблдон, па така стигна до бројката од 21. гренслем-трофеј, но и покрај тоа му следи пад на АТП-листата поради тоа што турнирот оваа сезона нема да додели бодови по суспензијата од АТП.

АТП реши да му ги одземе бодовите на Вимблдон затоа што организаторите не им дозволија на руските и белоруските тенисери и тенисери да играат на турнирот.

Ѓоковиќ поради тоа ќе загуби 2.000 бодови кои ги освои минатата година со освојување на турнирот, па така ќе падне дури на седмата позиција в понеделник.

„Не можам со зборови да опишам колку ми значи овој трофеј. Ова ми е омилен турнир. Вимблдон ме мотивираше да играм тенис“, кажа Ѓоковиќ по победата во финалето на турнирот.