Ѓоковиќ го освои Вимблдон и се израмни со Федерер и Надал


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во финалето на Вимблдон се сретнаа Новак Ѓоковиќ и Матео Беретини, а како победник излезе српскиот тенисер со 3-1 во сетови, односно 6-7, 6-4, 6-4 и 6-3.

Првиот сет понуди одличен тенис, во кој Ѓоковиќ имаше водство, па брејк предност, но Беретини се врати и во тај-брејк славеше со 7-4 за конечни 7-6 во сетот.

Србинот во вториот сет тргна фуриозно и водеше со 4-0, а Беретини за момент се врати во сетот, но тоа не беше доволно и Ѓоковиќ го освои сетот со 6-4.

Во третиот сет двајцата тенисери продолжија со одличната игра, а Ѓоковиќ отвори со брејк, по што Беретини имаше шанса да се врати во игра, но првиот тенисер во светот повторно во завршницата беше подобар и стигна до нови 6-4.

Во последниот сет се водеше голема борба до 3-3, по што Ѓоковиќ направи брејк и го сврте сетот во своја корист за конечни 6-3.