Ѓоковиќ го освои Вимблдон, но доживеа голем пад на АТП-листата!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ вчера го освои Вимблдон, откако беше подобар со 3-1 во сетови од Ник Кирјос, но ниту тоа не го спаси од пад на АТП-листата.

Ѓоковиќ повеќе не се наоѓа на третата позиција, откако доживеа голем пад и сега е седми во светот, а причина за тоа е одземањето на 2.000 бодови од Вимблдон, кој оваа сезона доби казна од АТП поради санкциите кон руските и белоруските тенисери.

Србинот има 4.770 боидови во моментов, па сега пред него се Карлос Алкараз, Каспер Руд, Стефанос Циципас, Рафаел Надал, Александер Зверев и Данил Медведев.

Медведев е осамен на првата позиција со дури 7.775 бодови, додека по него следи Зверев со 6.850 бода.