Ѓоковиќ го растури Пол во три сета за финале на Австралијан опен

Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на Австралијан опен, откако го совлада Американецот Томи Пол со 7-5, 6-1 и 6-2.

Американецот даде отпор само во првиот сет, по што се распадна во следните два кои му припаднаа на Ѓоковиќ со 6-1 и 6-2.

Србинот во финале ќе игра против Гркот Стефанос Циципас, кој беше подобар од Карен Хачанов, па ќе биде интересна пресметка меѓу двајцата тенисер.

Ѓоковиќ во моментов има 21 гренслем-титула, односно една помалку од Рафаел Надал и може да се израмни со него со триумф в недела.