Ѓоковиќ го врати својот тениски центар на градот Белград


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ го затвори својот тениски клуб и тенискиот центар го врати на градот Белград.

Српските медиуми објавија дека вработените во центарот биле известени дека им завршува работниот стаж до 1 јуни.

Тенискиот центар на Ѓоковиќ постоеше 15 години, а оваа одлука ја изненади јавноста. Засега не се познати вистинските причини поради овој потег на еден од најдобрите тенисери во историјата.