Ѓоковиќ и Надал може да позавидат: Нов епски поен за Алкараз (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тенискиот свет има ново чудо од дете на кое му се предвидува голема и светла иднина, а станува збор за шпанскиот тенисер Карлос Алкараз.

Алкараз во претходните неколку месеци доживеа голем скок во кариерата и сега е еден од најдобрите во светот.

На Мастерсот во Мадрид испиша историја, така што за помалку од 24 часа ги победи Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ и така најави напад на тронот.

Шпанскиот тенисер е еден од фаворитите на Ролан Гарос, а поради недоволно искуство за малку ќе беше елиминиран во второто коло, каде што за ривал го имаше Рамос Винолас.

Алкараз на крајот успеа да слави со 3-2 во сетови, а мечот го одбележа еден неверојатен поен кој му припадна на младиот Шпанец.