Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ се пласираше во следното коло на турнирот во Монте Карло, откако во второто коло го совлада Јаник Синер со 2-0 во сетови, односно 6-4 и 6-2.
Ова беше прв меѓусебен дуел на Ѓоковиќ и 22. тенисер во светот, инаку и прв меч на Србинот по финалето на Австралијан опен, а следен ривал ќе му биде подобриот од мечот меѓу Даниел Еванс и Хуберт Хуркаш.
Синер прв направи брејк на сервисот на Ѓоковиќ, кој потоа мораше да врати со два брејка на противнички сервис за водство од 4-2. Сепак, Синер намали на 4-5 со нов брејк, а Србинот со иста мера врати за освојување на првиот сет со 6-4.
Вториот сет беше полесен за српскиот тенисер, кој направи два брејка за да го добие сетот со 6-2 и да се пласира во следното коло.