Ѓоковиќ има отворен пат до полуфинале на Индијан Велс


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобрите светски тенисери во следниот период ќе настапат на Индијан Велс, а на ждрепката беше одреден нивниот пат до завршницата.

Ѓоковиќ е носител и слободен во првото коло, додека во второто ќе игра против квалификант или Вукиќ, по што се очекува борба против Ечевери, а Умбер или Пол се можни противници во осминафиналето, додека во следната рунда се очекува меч против Хуркач.

За разлика од српскиот тенисер, Рафаел Надал има тежок пат и во првото коло ќе игра против Раониќ, а ако го победи ќе игра против Руне, по што го чека меч против Шаповалов или Музети, а во осминафиналето е проектиран Фриц, додека во четвртфинале би можел да се соочи со Медведев.