Ѓоковиќ кажа кој е негов фаворит на Ролан Гарос


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во моментов игра на турнирот во Женева, кој ќе го искористи како подготовка за предизвиците на Ролан Гарос.

Ѓоковиќ славеше во првиот меч против Јаник Ханфман со 6-3 и 6-3 и на одличен начин го прослави 37. роденден, а потоа доби прашање кој е негов фаворит на вториот гренслем-турнир.

„Кога зборуваме за Ролан Гарос, а Надал игра на турнирот, тогаш нема што да разговараме повеќе. Рафа секогаш е фаворит“, кажа Ѓоковиќ.