Ѓоковиќ кажа што му е приоритет во 2024 година


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ кажа дека негов приоритет оваа година се Олимписките игри во Париз.

Ѓоковиќ се надева дека конечно ќе освои златен медал на игрите и само тоа му е во мислите за 2024 година.

„Олимписките игри се приоритет за мене. На последните три или четири игри не стигнав до финалето, но сега ситуацијата е поинаква. Ова ќе бидат првите игри на земјена подлога и сакам да бидам максимално подготвен“, кажа Ѓоковиќ.