Ѓоковиќ ќе игра на турнир кој за последен пат го освои пред осум години


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ не игра на Мастерсите во Индијан Велс и Мајами затоа што не доби дозвола за влез во САД, а на терените ќе се врати дури во април.

Негов следне турнир ќе биде Мастерсот во Монте Карло, кој ќе почне на 8 април и тоа е турнир кој го освоил само двапати во неговата кариера.

Ѓоковиќ го освои трофејот во 2013 и 2015 година во Монако, по што следеше големиот „пост“ и сега ќе се обиде да го прекине.

Засега не е познато дали во Монте Карло ќе настапи Рафаел Надал, кој е рекордер со 11 титули на турнирот.