Ѓоковиќ ќе може да настапи на Ју-Ес Опен


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ доби одлични вести од САД, каде што беше донесена одлука дека ќе се отстрани забраната за влез на невакцинирани странци во земјата.

Одлуката за укинување на забраната доаѓа од кабинетот на претседателот на САД, Џо Бајден.

„Бројот на починати од јануари 2021 година е намален за 95%, а бројот на хоспитализирани за 91%.  На глобално ниво бројот на починати е најнизок од почетокот на пандемијата. Најавуваме дека нашата администрација ќе ги заврши сите барања поврзани со вакцината против Ковид 19 на 11-ти мај“, соопштија од неговиот кабинет.