Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот светски рекет број еден, Енди Мареј даде коментар за победата на Новак Ѓоковиќ на Ју-Ес Опен, кој му ја донесе 24. гренслем-титула во кариерата.
Ѓоковиќ настапи на сите четири финалиња оваа сезона, а дури на три успеа да победи, додека единствениот пораз го забележа од Карлос Алкараз на Вимблдон.
„По Вимблдон сите кажаа дека ќе следи промена во светскиот тенис, но мене не ми изгледаше така. Беше јасно дека Ѓоковиќ ќе доминира и понатаму. Нема да прекине неговата доминација. Има многу фактори за тоа, а еден од нив е дека некој како Алкараз мора дополнително да се подобри и да ја зголеми конкуренцијата“, кажа Мареј.