Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ во моментов игра на Австралијан опен, каде што се бори за неговата 22. гренслем-титула, како и други рекорди, но очигледно веќе договорил соработка и со успешната компанија „Ватердроп“.
Ѓоковиќ во оваа компанија од Виена ќе инвестира пари и ќе биде амбасадор, па така ќе го носи логото на фирмата на левото рамо.
Станува збор за компанија која по шест години од основањето има повеќе од два милиони клиенти и над 300 вработени.
Ова е само уште една компанија со која Ѓоковиќ ќе има соработка во иднина.