„Ѓоковиќ ми кажа дека не е – суперхерој!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ го имаше првиот тренинг во Монте Карло со Холгер Руне, а тенисерот од Данска не крие дека е задоволен затоа што игра покрај најдобриот играч во светот.

Руне вели дека научил многу работи од Ѓоковиќ и често добивал совети од српскиот тенисер.

„Ѓоковиќ е еден од најдобрите тенисери во историјата и чувствувате дека сака да ви помогне. Му се восхитувам. Ми даваше совети, меѓутоа ми кажа дека е само човек, а не суперхерој. И тој чувствува емоции кога игра, како и сите остнаати, но ги контролира поинаку од другите тенисери“, кажа Руне.