Ѓоковиќ: Може да нè убиете, но не и да ни го скршите духот!


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ беше елиминиран во полуфинале на Австралија опен од Јаник Синер, а денеска даде интервју за „Денешно шоу“.

Србинот повторно зборуваше за лошите спомени кои ги има од војната во Белград.

„Понекогаш, ми се враќаат лошите спомени. Кога имав 12 години, имаше бомбардирање кое траеше два ипол часа. Тоа не е пријатно. Има една изрека кај нас. Може да нè убиете, но не можете да го скршите нашиот дух“, кажа Ѓоковиќ.