Ѓоковиќ му е идол на Нарди: Имам постер од него, го гледам секоја вечер!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот тенисер Лука Нарди го шокира Новак Ѓоковиќ во третото коло на Индијан Велс, а по мечот кажа дека Србинот му е идол.

Нарди призна дека во неговата соба има и постер од српскиот тенисер.

„Играм против Томи Пол? Навистина? Не знам, не ја проверив ждрепката, благодарам што ме известивте. Да, го чувам. Секој вечер пред спиење го гледам Новак и тоа нема да се промени сега кога го победив. Не се шегувам Го чувам и ќе го чувам и понатаму“, кажа Нарди.