Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафинале на Австралијан опен, па продолжи со одличните настапи и Србинот е главен фаворит за освојување на трофејот во Мелбурн, но често добива прашања и за негоата исхрана.
Новинарите ги интересираше зошто Ѓоковиќ не сака да јаде месо и целосно го исфрлил од неговата исхрана.
„Среќен сум што се хранам вака и што можам да играм на високо ниво во последните четири ипол години. Во почетокот имаше многу критики и никој не веруваше во мене, но поминав низ различни фази и се прилагодив на новиот стил на живот. Тоа не е само диета, имате и етички причини, свесен сум за тоа што им се случува на животните, дека ги колат и што им се случува по фармите. Тоа влијае на многу работи во светот…“, открива Ѓоковиќ.