Ѓоковиќ му подари 100 евра на едно дете (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ вчера беше на трибините на мечот меѓу Црвена Звезда и Валенсија, во кој славеа „црвено-белите“ и останаа во игра за плејофот.

Ѓоковиќ делеше автограми и се фотографираше со многу луѓе, а притоа му подари 100 евра на едно момче.

„Момчето со друштвото во близина на салата ја пронајде платежната картичка на Ѓоковиќ. Обезбедувањето во салата дозволи на групата дојде до паркетот и даму ја врати. Новак се израдува и срдечно ги поздраво, па во знак на благодарност му подари 100 евра на момчето“, објави новинар на српски „Курир“.