Ѓоковиќ му се „истури“ на Мареј: Немој повеќе да ми се обраќаш! (ВИДЕО)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Српската тениска двојка Новак Ѓоковиќ и Филип Крајиновиќ беа запрени во второто коло од Мастерсот во Шангај.

Подобри од нив двајца беа британските тенисери Џејми Мареј и Нил Скапски, кои славеа со 2-0 во сетови, односно 6-3 и 6-2.

Мечот го одбележа едно недоразбирање во текот на шестиот гем од првиот сет кога видно изнервираниот Ѓоковиќ го „нападна Џејми“, братот на Енди Мареј, на кој му порача повеќе да не му се обраќа.

Ѓоковиќ во петокот ја продолжува борбата во сингл, а ривал во четвртфиналето му е Гркот Стефанос Циципас.