Ѓоковиќ му се жалел на гувернерот на Њујорк: Многу сум незадоволен…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дуелот меѓу Андриано Манарино и Александер Зверев не почна на време. Французинот добил информација и дека нема да може да игра во третото коло на Ју-Ес опен.

Манарино беше во контакт со заразениот Беноа Пер, по што се тестираше, а резултатот од тестот беше негативен.

Тоа не ги смири организаторите, кои му соопштиле да почека и дека големи се шансите да не излезе на теренот.

„Се подготвував за мечот. Тогаш менаџерот на турнирот ми објасни дека контролата над градското одделение ја преземала државата. Градот ми дозволи да играм, но не и државата“, се пожали Французинот.

Ѓоковиќ потоа застанал во одбрана на Манарино и му се јавил на гувернерот на Њујрок, по што му кажал дека не е задоволен од нивниот однос кон француските тенисери.