„Ѓоковиќ не треба да биде во Австралија, поддржува геноцид!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ се избори за ново полуфинале на Австралијан опен и се надева на нова титула во Мелбурн, но почнаа напади кон него поради татко му Срѓан Ѓоковиќ, кој се фотографираше со руски навивачи.

Поранешниот украински тенисер Алекс Долгополов замина во војна, а сега го нападна Ѓоковиќ и неговото семејство.

„Апсолутно одвратно. Велат дека политиката мора да биде надвор од спортот, па така и на овие луѓе не треба местото да им биде на тениските турнири. Тоа го вклучува и таткото на Ѓоковиќ, кој отворено поддржува геноцид“, кажа Долгополов.