Ѓоковиќ: Немаше да бидам тука доколку не беа Надал и Федерер!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ уште еднаш испиша историја во тенисот откако го победи Матео Беретини во финалето на Вимблдон со 6-7, 6-4, 6-4 и 6-3.

Ѓоковиќ објасни што значи за него тоа што се израмнил со Рафаел Надал и Роџер Федерер по број на гренслем-титули во кариерата.

„Тоа значи дека никој од нас тројца нема да застане. Ова го кажав многу пати, но морам да го повторам. Надал и Федерер се легенди на нашиот спорт и двата најважни играчи поради кои сум тука. Тие се причина за тоа, тие ми помогнаа да разберам што треба да правам за да напредувам психички и физички“, вели Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ сега има по 20 гренслем-титули колку што имаат и Надал и Федерер.