Ѓоковиќ: Ниту за милијарда долари нема да рекламирам обложувалници и алкохол


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ неодамна го освои Ролан Гарос и стигна до рекордната, 23. гренслем-титула во кариерата, со што стана најдобриот тенисер во историјата.

Ѓоковиќ, освен што освојува титули, сака да испрати и вистинска порака до луѓето во светот, а неговиот менаџер Едуардо Арталди вели дека Србинот имал многу понуди да рекламира обложувалници и алкохол, но неговиот одговор секогаш бил негативен.

„Ѓоковиќ сака да го направи светот подобро место за живеење. Доби многу понуди од обложувалници, но секогаш е јасен: Можат да ми понудат и милијарда долари, но никогаш нема да ги рекламирам. Имам одговорност како најдобар тенисер во светот. Не смеам да испратам погрешна порака до луѓето“, вели Арталди.