Ѓоковиќ откри зошто ја прекинал соработката со Иванишевиќ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ по шест години ја прекина соработката со Горан Иванишевиќ, а српскиот тенисер реши да открие зошто се разделил со хрватскиот тренер.

Ѓоковиќ со помош на Иванишевиќ постигна голем број успеси и рекорди, а воедно и освои многу гренслем-титули.

„Горан е пријател за цел живот. Тоа што ја прекинавме соработката не значи дека нема да бидеме пријатели. Нашата соработка стигна до точка на заситеност и почувствувавме дека е време за разделба по шест години. Поминавме низ добри и лоши работи. Најмногу ќе го паметам неговиот човечки однос кон мене. Му посакувам сè најдобро во иднина“, кажа Ѓоковиќ.