Ѓоковиќ откри зошто нема да настапи во Мајами


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ потврди дека нема да настапи на турнирот во Мајами, а преку социјалните мрежи ја објасни неговата одлука.

Ѓоковиќ објави дека во оваа фаза од кариерата мора да пронајде баланс во животот и дека се надева на настап во Мајами во иднина.

„Здраво Мајами. Оваа година, за жал, нема да играм на турнирот. Во оваа фаза од мојата кариера мора да балансирам меѓу мојот приватен и професионален живот. Жал ми е што нема да настапам пред најдобрите навивачи во светот. Со нетрпение очекувам да се натпреварувам во Мајами во иднина“, напиша Ѓоковиќ.