Ѓоковиќ по победата против Лехечка: Зглобот не изгледа добро


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја запиша втората победа оваа сезона, но навивачите се загрижени затоа што се здоби со повреда против Јиржи Лехечка од Чешка.

Ѓоковиќ по победата им се заблагодари на навивачите, а притоа кажа дека ситуацијата со повредениот зглоб не му е најдобра.

„Не изгледа добро, но успеав да победам. Не е првпат, а нема да биде ниту последен. Мора да се најде решение. Ќе видиме што ќе се случува во иднина“, кажа Ѓоковиќ.