Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Новак Ѓоковиќ, Горан Иванишевиќ ги сподели впечатоците по победата на Србинот во финалето на завршниот турнир во Торино.
Ѓоковиќ славеше против Јаник Синер со 6-3 и 6-3 и ја освои рекордната седма титула на завршниот турнир на АТП.
„Мора да му се заблагодарам на Јаник, зашто ни помогна да дојдеме до полуфинале. Откако се пласира во полуфинале, знаев дека ќе го освои турнирот. Се промени менталитетот, стигна новиот Ѓоковиќ. Како може да му се налутам на најдобриот во историјата. Можам да се лутам само кога ни вика без причина. Секогаш се труди да победи. Во вторникот загуби меч, во средата воопшто не го видов, не знаевме што се случува“, вели Иванишевиќ.