Ѓоковиќ постави нов рекорд и докажа зошто е најдобар (Фото)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ продолжи да руши рекорди, па така на дуелот против Хуркач го скокна Пит Сампрас на вечната листа.

Ѓоковиќ го надмина Сампрас по број на добиени тај-брејкови по ред на гренслем-турнирите и сега има 13 по ред.

Хуркач можеше да ја прекине серијата на Ѓоковиќ затоа што имаше водство од 6-3 во еден од нив, но полскиот тенисер прокоцка три сет-топки и Србинот со пет поени во низа стигна до нов рекорд.

Интересно е тоа што овој рекорд на Сампрас беше стар 29 години.