Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ конечно го симна легендарниот Роџер Федерер од врвот по број на недели минати на првото место на АТП-листата.
Ѓоковиќ ја почна неговата 311 недела како лидер на АТП и зад себе го остави Федерер, кој мина 310 недели. По нив следат Пит Сампрас со 286, Иван Лендл со 270 и Џими Конорс со 268 недели.
Србинот за првпат на првата позиција се искачи во 2011 година, кога во полуфиналето славеше против Жо Вилфред Цонга во полуфиналето на Вимблдон, а таа година славеше и против Рафаел Надал.
Следна цел на српскиот тенисер ќе биде да го зголеми бројот на гренслем-титули, односно да ги мине Надал и Федерер, кои имаат по 20 такви трофеи.