Ѓоковиќ пред Ју-ес опен: Сакам да испишам историја во белиот спорт!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


До почетокот на Ју-Ес Опен остана уште еден ден, а Новак Ѓоковиќ пред четвртиот гренслем-турнир во сезоната зборуваше за српските медиуми.

Ѓоковиќ зборуваше за притисокот и очекувањата пред последниот голем предизвик оваа година.

„Ова е голем притисок, но секогаш сум во ситуација кога се очекува да победам. Секој пораз е неуспех во очите на многумина затоа што ги кренав стандардите на повисоко ниво. Немам проблем да се соочам со притисокот, на притисокот гледам како на мотив и гориво за тоа да играм најдобро“, вели Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ по Олимписките игри направи пауза, па не настапи во Торонто и Синсинати, но постојано тренираше и се подготвуваше за Ју-Ес Опен.