Ѓоковиќ преку Манарино до трето коло


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Вимблдон. Ѓоковиќ денес во второто коло го совлада Французинот, Адриан Манарино со 3:0 во сетови.

Манарино му даде солиден отпор на Ѓоковиќ, но на крај не успеа да направи сензација.

На самиот старт на натпреварот Французинот имаше 2 брејк топки. Не ги искористи, но затоа тоа го направи Новак кога најмногу му требаше. Во 10-тиот гем Новак направи брејк и првиот сет го доби со 6:4.

Нов брејк на Ѓоковиќ на отворањето на вториот сет. Со сигурен сервис и сигурна игра Новак го доби и вториот сет, овој пат 6:3.

Манарино во вториот гем во третиот сет пропушти 5 брејк топки, но Ѓоковиќ повторно шансата ја искористи. Направи брејк во седмиот гем, но Манарино успеа да се спаси со брејк во 10-тиот гем, 5:5. Следуваше тај брејк во кој Новак победи и се пласира во третото коло.