Ѓоковиќ разочаран по поразот од Синер: Во шок сум!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ загуби во полуфиналето на Австралија опен од талентираниот Јаник Синер од Италија.

Ѓоковиќ призна дека денеска не играл на потребното ниво за да го победи Синер.

„Сакам да му честитам на Синер за победата, заслужи пласман во финале. Јас сум во шок од моето ниво, не играв како што треба, ова е еден од моите најлоши натпревари. Нивото на тенис не беше добро, не играв како што можам“, кажа Ѓоковиќ.