Ѓоковиќ: Сакам да бидам на тронот на ОИ во Париз


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ има лоша сезона и сè уште не освоил титула, но ќе се обиде тоа да го промени наскоро и да влезе во добра форма пред Олимписките игри (ОИ) во Париз.

Подготовка за ОИ во Париз ќе му биде гренслем-турнирот Ролан Гарос каде што ќе се обиде да оствари добар резултат.

„Освоив бронзен медал, но тоа беше во 2008 година. Се надевам дека ќе имам можност повторно да остварам успех и да уживам на ОИ во Париз. Да се претставува својата држава е голема чест“, кажа Ѓоковиќ.