Ѓоковиќ: Сакам да освојам „златен слем“ и злато на ОИ во Париз!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ сака да ја заврши сезоната со триумф во Дејвис Купот, откако претходно освои три гренслем-титули во 2023 година.

Србинот не планира да се предаде и сака да освојува титули и понатаму, а еден од ретките успеси кои ги нема е „златниот слем“ и златото на Олимписките игри.

„Пред пет години луѓето мислеа дека тоа е можно. Се познавам себеси и способен сум за такво нешто. Не сакам да звучам како да немам почит кон останатите тенисери, но знам колку вредам“, вели Ѓоковиќ.