Ѓоковиќ само што направи операција, а би можел да се врати на Вимблдон!?


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Српскиот доктор Горан Родиќ има оптимистички прогнози за Новак Ѓоковиќ, кој пред неколку дена имаше операција.

Најдобриот тенисер во светот го чека пауза од три недели, но Родиќ смета дека Ѓоковиќ би можел порано да се врати на теренот, а за тоа го спомена Италијанецот Франко Барези од Мундијалот во 1994 година.

„Барези се повреди на почетокот на турнирот, но на крајот настапи во финалето. Италија играше за титула и тој одигра дури и продолженија. Пред точно 30 години, играше 23 дена од моментот на операцијата“, кажа докторот.