„Ѓоковиќ се криеше од воздушни напади, додека Федерер растеше во среќна земја“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Јулија Апостоли, мајка на Стефанос Циципас, зборуваше за предизвиците со кои Новак Ѓоковиќ се соочувал на својот тениски пат.

Таа истакна дека Новак успеал да докаже дека сѐ е можно, и покрај потешкотиите.

„Ѓоковиќ самиот се изгради. Со други зборови, се појави во тенисот кога Федерер и Надал беа на највисоко ниво. Ѓоковиќ не беше познато име, но со време докажа дека сѐ е можно. На оние кои го осудуваат ќе им треба време да го преиспитаат тоа”, рече Апостоли и додаде:

Го спореди патот на Ѓоковиќ со оној на Федерер.

„Ѓоковиќ имаше многу тешко детство. Кога беше дете мораше да се крие во засолништа од воздушните напади. Федерер растел во среќна земја, Швајцарија. Тој не ги познаваше тие моменти кога треба да ризикуваш нешто за да постигнеш нешто”, истакна Апостоли.