Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ беше емотивен по победата против Милош Раониќ и пласманот во полуфиналето на Австралијан опен, зашто доби прашање за починатиот американски кошаркар Коби Брајант.
Брајант го загуби животот во хеликоптерска несреќа, која се случи во Калифорнија, а освен него животот го загубија и ќерка му Џина Марија и уште седум лица.
„Не знам што да кажам. Сите се изненадивме. Беше еден од најдобрите спористи во историјата. Инспирираше многумина ширум светот. Имав среќа да го познавам лично во последните 10 години. Кога ми беше потребен совет и поддршка, тој секогаш беше тука за мене. Беше мој ментор и пријател. Страшно е да се слушне што му се случи на него и на ќерка му“, порача Ѓоковиќ.
"He was there for me"@DjokerNole pays tribute to his late friend and mentor Kobe Bryant.#AO2020 | #AusOpen pic.twitter.com/k8sRHcBATw
— #AusOpen (@AustralianOpen) January 28, 2020