Ѓоковиќ се расплака како мало дете на Ју-Ес опен: Ова ќе го паметам засекогаш!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ објасни по финалето на Ју-Ес опен зошто плачел на теренот откако загуби од Данил Медведев со 4-6, 4-6 и 4-6.

Во завршницата на натпреварот беше забележана емотивна сцена, а при резултат 2-0 во сетови и 5-4 во гемови, публиката со грмогласен аплауз го поддржа Ѓоковиќ.

„Почуствував нешто што никогаш не сум во Њујорк. Публиката направи да се чувствувам посебно. Не знам, ништо не очекував, но таква поддршка, енергија и љубов од публиката ќе ги паметам засекогаш. Тоа е причина зошто плачев на крајот. Емоциите, енергијата беше силна. На крајот, сепак, не победив. Спортист сум и овие моменти се паметат засекогаш“, вели Ѓоковиќ.