Ѓоковиќ: Секогаш играм најдобро за Србија!


Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Првиот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ кажа дека до крајот на сезоната сака да ги освои титулите на Завршниот турнир во Торино, но и на Дејвис Купот.

Ѓоковиќ вели дека ќе даде сè од себе за да го освои пехарот со Србија и така да додаде уште еден во богатата колекција.

„Возбуден сум што ќе играм за Србија. Ќе се бориме за голем трофеј. Со нетрпение ги чекам возбудувањата, се надевам дека ќе бидам здрав и ќе можам да играм. Секогаш играм најдобро за Србија“, вели Ѓоковиќ.