Ѓоковиќ со нов пресврт до титулата на Синсинати


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ ја освои титулата на Мастерсот во Синсинати откако во еден интересен натпревар го совлада Милош Раониќ со 2:1 по сетови.

Канаѓанецот со црногорски корени поведе со 1:0 по сетови по убедливиот прв сет кој го доби со 6:1.

Потоа следуваа двата сета кои Ѓоковиќ ги доби со 6:3 и 6:4, но и двата беа доста неизвесни и со пеколен тенис.

Ова е вкупно 35 мастерс трофеј во кариерата на Новак Ѓоковиќ со кој се изедначи со Рафаел Надал.