Ѓоковиќ со пофалба за Јокиќ: Никој не може како него!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Никола Јокиќ и Новак Ѓоковиќ во моментов се најуспешни српски спортисти и тоа го покажаа со нивните резултати во изминатите години.

Јокиќ пред една недела го пофали тенисерот за неговиот успех и влијание врз тенисот, а сега честитка за успесите пристигна и од Ѓоковиќ.

„Благодарен сум за неговите зборови. Не сме биле во контакт, вчера го добив неговиот број. Искрено и јас го чувствувам истото за него. Тој е скромен и едноставен човек, а доаѓа од една од најпопуларните лиги во светот. Србија е голема земја и има многу кошаркари, но никој не може како него“, кажа Ѓоковиќ.