Ѓоковиќ со порака до Кирјос: Ми даде поддршка кога беше најпотребно!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ се подготвува за финалето на Вимблдон, кое треба да го игра утре против Ник Кирјос, а победа би му ја донела 21. гренслем-титула во кариерата.

Ѓоковиќ испрати порака до Кирјос пред натпреварот, откако Австралиецот му даде поддршка на Србинот на почетокот на годината.

Србинот беше депортиран од Австралија поради тоа што не ги исполни правилата за настап на Австралијан опен.

„Ме бранеше кога беше најпотребно. Го почитувам неговиот потег и благодарен сум за поддршката“, кажа Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ и Кирјос ќе се соочат в недела од 15 часот, а ова ќе им биде трет меѓусебен дуел.