Ѓоковиќ стигна до 400 победи во кариерата!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ оствари победа во првиот меч на Индијан Велс против Александар Вукиќ со 6-2, 5-7 и 6-3, а тоа воедно беше негов 400. триумф во кариерата.

Пред српскиот тенисер на листата се наоѓа само Рафаел Надал, кој има шест победи повеќе и само прашање на време е кога Ѓоковиќ ќе го премине.

Ѓоковиќ се врати на Мастерсот во Индијан Велс по пауза од пет години, а на истиот може да дојде до најмногу пет победи што значи дека рекодот на Надал најверојатно ќе го урне на Мастерсот во Мајами.