Ѓоковиќ стигна во Тел Авив и испрати порака до домаќините (Фото)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по долго време се враќа на професионалните турнири, па така во следниот период ќе игра во Тел Авив, Израел.

Ѓоковиќ ќе ја има улогата на прв фаворит, а најголеми конкуренти треба да му бидат Марин Чилиќ и Диего Шварцман, кои се претставени за втор и трет носител во Тел Авив.

Србинот стигна во Тел Авив, по што испрати порака до домаќините од Израел.

„Многу сум среќен што се вратив тука, едвај чекам да добијам ново искуство“, кажа Ноле.

Ѓоковиќ во првиот меч на турнирот ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Пабло Андухар и Тиего Монтеиро.